ОНЕ доби сертификат за управување со влијанијата врз животната средина

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ, по успешно извршена проверка од страна на Quality Austria, доби сертификат на усогласеност со ISO 14001:2004, стандард за управување со влијанијата врз животната средина.

Со овој сертификат компанијата покажува дека е целосно посветена на намалување на влијанието на индустријата врз животната средина.

Покрај веќе постоечката сертификација според ISO 9001:2008, ISO 20000-1:2011 и ISO 27001:2005, ОНЕ продолжува да ги надградува и стандардизира своите системи и процеси.