ОНЕ донираше за децата без родители и родителска грижа во интернатот “Гоце Делчев” во с. Љубанци

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го опреми интернатот “Гоце Делчев” во селото Љубанци со телевизори и Boom TV приемници, а децата сместени во интернатот ќе можат и бесплатно да ја следат програмата на Boom TV.

Донацијата е остварена во соработка со Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи „Градиме Иднина” и истата има за цел да го олесни и разубави секојдневието на децата без родители и родителска грижа сместени во интернатот.

“Децата без родители и родителска грижа заслужуваат детство еднакво на она кое го имаат нивните врсници, без грижи, исполнето со игра и забава. Ние сме секогаш подготвени да излеземе во пресрет и да помогнеме на маргинализираните групи во општеството на денешната донација, една од многуте до сега, го потврдува токму тоа,” изјави главниот извршен директор Цирил Кафол

Донацијата ја прими претседателот на Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи „Градиме Иднина”, Илија Јовановиќ кој изрази благодарност за соработката и поддршката која ОНЕ им ја дава на децата без родители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.