ОНЕ го реновира продажниот салон во Веро Тафталиџе

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ информира дека, од утре, 17 јануари започнува со реновирање на продажниот салон во Веро – Тафталиџе, а предвидено е да заврши на крај на месецот , односно најдоцна до 30 јануари.

Реновирањето на салонот предвидува комплетно ентериерно преуредување во модерен и отворен простор за секој посетител кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите.
Најблискиот продажен салон на ОНЕ во оваа област е лоциран во ТЦ Лептокарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.