ОНЕ ја збогатува програмата на Boom TV со Fox и Fox movies

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ ја започнува новата 2014 година со нова и збогатена програмска шема на најдобрата дигитална телевизија во Македонија, Boom TV.

За љубителите на филмот, ОНЕ ги воведе Fox и Fox Movies кои ќе бидат дел од основниот пакет, а  корисници на Boom TV ќе можат да ги следат бесплатно.

Единствено за корисниците на Mini Boom TV и оние кои се корисници само на дигитален приемник од ОНЕ, новите филмски канали Fox и Fox Movies ќе бидат достапни во дополнителниот пакет Fun.

Fox e телевизија со забавен формат на кој се емитуваат најдобрите телевизиски серии, додека Fox Movies е филмски канал направен од едно од најпопуларните филмски студија 20th Century Fox. Каналот е вистинско уживање за целото семејство бидејќи истиот изобилува со филмски хитови од сите жанрови.

Fox ќе биде достапен на позиција 50, а Fox Movies на позиција 53.

Дополнително, во програмската шема на Boom TV ќе бидат направени одредени измени во поглед на позиционирањето на каналите за што повеќе информации можат да се најдат на веб страната на Boom TV.

Корисниците на Boom TV уживаат во супериорен дигитален телевизиски пакет, а телекомуникацискиот оператор ОНЕ истиот, постојано го подобрува и збогатува со нови и атрактивни програмски содржини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.