Македонија

ОНЕ ја збогатува програмската шема на Boom TV

ОНЕ ја збогатува програмската шема на Boom TV

Во пресрет на претстојните празници, од 1 јануари, 2015 година, ОНЕ ја збогатува програмската шема на Boom TV со нов ТВ канал CineStar TV Premiere 1.

Каналот ќе биде дел од дополнителните пакети Package Plus, Extra Package Plus и моментално промотивниот дополнителен пакет Extra HBO Promo за корисниците на Boom TV, Mini Boom TV и STB only (само сет-топ-бокс).

CineStar TV Premiere 1 е филмски канал кој нуди најпопуларни холивудски филмови, премиерни филмски наслови, филмови од европската кинематографија, култни филмски остварувања, ексклузивни емисии и одлични ТВ серии. Каналот ќе биде достапен на позиција 59.

Дополнително, ОНЕ информира дека од програмската шема на Boom TV ќе биде отстранет каналот Klasik TV. Каналот Cinestar TV ќе биде дел од основниот пакет за корисниците на Boom TV, додека за корисниците на Mini Boom TV и STB only ( само сет-топ-бокс) ќе биде дел од FUN пакетот.