Македонија,Економија

ОНЕ со најдобра понуда: Фиксна, Интернет и ТВ за 1.299 и подарок Lenovo таблет

ОНЕ со најдобра понуда: Фиксна, Интернет и ТВ за 1.299 и подарок Lenovo таблет

Фиксна линија со неограничени разговори кон цела ОНЕ мрежа, неограничен интернет со брзина до 10Mbps и два Boom TV уреда со бесплатно вклучени сите канали на SportKlub и HBO, но и таблет Lenovo IdeaTab A1000L за 0 денари, се придобивките на новиот супер атрактивен пакет на ОНЕ, FIX/NET/TV SMART L, кој корисниците можат да го добијат по цена од само 1.299 денари месечно.

Во моментов најконкурентниот пакет на пазарот FIX/NET/TV SMART L во основа нуди три услуги: фиксна телефонија, интернет и телевизија, но корисниците кои ќе го одберат ќе добијат и бесплатен wi-fi рутер, два Boom TV уреда или CAM модул со, цели 12 месеци, бесплатно вклучени ТВ канали: SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub 3, HBO, HBO Comedy и цели 24 месеци Fox, Fox Movies, Fox Life, Fox Crime и подарок Lenovo таблет.

Пакетот е достапен од денеска и е само еден во низата SMART пакети со две и три услуги наменети за нови и постоечки корисници со договор на 24 месеци во резидентниот и во бизнис сегментот.

„Нашите SMART пакети се совршен избор за корисниците. Уверен сум дека богатото SMART портфолио на ОНЕ има барем еден пакет кој би му одговарал на секој дом. FIX/NET/TV SMART L на ОНЕ е во моментов најконкурентен производ на пазарот, а со него нашите корисници освен висококвалитетни и неограничени услуги во фиксна телефонија, интернет и телевизија, добиваат и многу повеќе”, изјави Главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

Новото SMART портфолио на ОНЕ нуди 4 тарифни модели за соло услуги и вкупно 10 пакети, од кои, на корисниците им се на располагање шест пакети со два и четири пакети со три услуги, а истите нудат комбинација на услуги и цена во зависност од потребите на корисникот.