ОНЕ со нови донации за Домот „25 Мај“ и „СОС Детското село“

Со донација од 20 компјутери и монитори и 5 принтери, телекомуникацискиот оператор ОНЕ ќе опреми две нови компјутерски лаборатории во Домот за деца “25 Мај” и “СОС Детското Село” од Скопје.

Донацијата е остварена во соработка со Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи “Градиме Иднина” и истата има за цел да им овозможи на децата сместени во домовите компјутерска едукација уште од најрана возраст.

Во името на ОНЕ донацијата ја предаде Главниот извршен директор Цирил Кафол кој во оваа прилика изјави:
“Ние во ОНЕ веруваме дека помагањето во заедницата во која работиме е исклучително важно. Оваа донација е уште во низата донации за децата без родители, а соработката со “Градиме Иднина” е долгогодишна и во континуитет.”

Донацијата ја прими претседателот на Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи “Градиме Иднина”, Илија Јовановиќ кој, во оваа прилика, изрази благодарност за соработката и несебичната поддршка која ОНЕ му ја дава на здружението.

“ОНЕ е наш долгогодишен пријател и компанија која секогаш имала слух за потребите на децата без родители и родителска грижа. Само пред неколку месеци, ОНЕ го опреми интернатот “Гоце Делчев” во селото Љубанци со телевизори и Boom TV приемници, а веќе денес, ОНЕ донира компјутери и компјутерска опрема. Оваа донација е од големо значење за децата бидејќи постоењето на компјутерски лаборатории во нивните Домови ќе ги стимулира децата своето слободно време да го користат во компјутерска едукација, а тоа во иднина ќе им го олесни патот до вработување”

ОНЕ е општествено одговорна компанија и една од најнаградуваните компании за своите општествено одговорни практики.