понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 2

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Активностите почнаа по спојувањето на двете компании во октомври лани и се одвиваа во тек на годинава.

133506878

Последни вести

Раководството на телекомуникацискиот оператор оне.Вип денеска објави дека успешно е завршен најавениот процес на спојување на мрежите на двете компании и оти е обезбедена единствена мрежа за нивните корисници во сите региони во Македонија.

Активностите почнаа по спојувањето на двете компании во октомври лани и се одвиваа во  тек на годинава.

Новиот извршен директор на Оне.Вип Димитар Ковачевски на средба со новинарите истакна дека има позитивни очекувања за 2017 година во која, како што рече, тимот на оне.Вип дополнително ќе ја стабилизира и оптимизира мобилната и фиксната мрежа.

– Инвестицијата што е направена во 2016 година е неколку десетици милиони евра, ќе продолжи и во 2017  година затоа што ни претстои период на доконсолидација и оптимизација на  мобилната мрежа, а исто така инвестираме и во фиксната мрежа, рече Ковачевски.

Од оне.Вип соопштија дека со спојувањето  ги вовеле напредните 3G/4G.4G+ технологии во подрачјата каде ги немала претходно, и оти е обезбедена покриеност на повеќе од 99,7 проценти од населението во Македонија со 2G и 3G технологија и 95,8 проценти со LTE технологија. Спојувањето на над 1,1 милион корисници за една година, според раководството, било со минимално нарушување на континуитетот на услугите кон корисниците.

Најчитани вести