ОНЕ за пензионерите: Фиксна линија и телевизија со најниска месечна претплата и бесплатен телефон

За опуштени пензионерски денови, ОНЕ го нуди најдобриот пакет со фиксна линија и телевизија за најниска месечна претплата на пазарот од само 348 денари месечно.

Со фиксната линија на ОНЕ пензионерите во Македонија добиваат поволни цени за разговор, иста цена за локални и национални разговори, но и бесплатен фиксен безжичен уред Панасоник КХ-ТГ1611, лесен за инсталација, а без надоместок за приклучок.

„Телекомуникацискиот оператор ОНЕ беше првиот кој воведе олеснета процедура за склучување договор за сите пензионери во Македонија. Кај нас пензионерите можат да склучат договор на 24 месеци само со пензиски чек и документ за лична идентификација. Понудите кои ги креираме за нив се најконкурентни и исклучително поволни и не го оптоваруваат скромниот пензионерски буџет. Ние во ОНЕ веруваме дека пензионерите го заслужуваат тоа,“ изјави главниот маркетинг директор на ОНЕ, Виктор Доневски.

Мини бум ТВ на ОНЕ е наједноставно решение за пензионерите да ги следат сите национални и балкански телевизиски канали, но и сире македонски регионални достапни во зависност од регионот.

Бум ТВ е лесен и брз за инсталација и истиот е и лесно пренослив, па така пензионерите можат да го користат секаде, каде и да патуваат низ Македонија.

Во своето производно портфолио ОНЕ нуди и мобилна телефонија за пензионери за само 279 денари/месечно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.