Оние кои плукаа по докторската фела сега се продаваат како лажни душегрижници

Оние кои со дрски навреди и етикетирања плукаа по докторската фела во Македонија, сега сакаат да се прикажат во јавноста како душегрижници. Но, лажни душегрижници.

stopisuvaaa

Како диригирани, тие во континуитет со години плукаат по доктори и здравствени работници, пишува Курир.

ttocii

Новинарката Менче Атаносова-Точи која уште во времето на А1 телевизија целата кариера ја насочи кон напади врз докторите, вели дека тешко го поднела третманот кој одредени доктори го имаат.

-Се уште закрепнувам од траумите, од третманот на младиот кадар во работата со најтешко болните, оти нели, постарите доктори не се занимаваат со такви случаи, туку со „пософистицирани“ работи. Лекарите со своите отсутни погледи сакаат да ви кажат дека не сте му веќе важни како пациенти, напиша таа.

anadanevaaaa

Ана Павловска Данева од СДСМ, партијата која ги искористува ваквите трагедии за да дојде до одреден политички поен напиша:

-Не функционирањето на здравствениот систем во РМ предизвикува трагични последици врз граѓаните со загубени човечки животи.

Лицемерно е тоа што некој кој постојано го напаѓа здравствениот систем, сега сака да користи изрази кои не соодејствуваат со нивната долгогодишна кампања против докторите. Па изразуваат жалење за случај каде беше нападнат доктор, ист оној доктор кој во кош со целата своја фела беше мета на страшни напади.

lllibertasss

Медиумите блиски до СДСМ, платени од СОРОС со години објавуваат само критики за македонското здравство. Денес за малку беше избегната голема трагедија, кога беше пукано во доктор, кој за среќа сега е во стабилна здравствена состојба.

По ова, посочените лица одлучија да им се продадат на граѓаните како некои кои имаат разбирање за докторите. Но, сето тоа не е искрено и е лажно, вистинска хипокризија.