недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 3

Онкологија доби медицинска опрема донација од Австралија

онкологија

Последни вести

Донација во медицинска опрема во вредност од 3 милиони австралиски долари обезбеди гeнералниот конзул на Република Македонија од Мелбурн, Бети Коруновска, во соработка со Министерствата за здравство на РМ и на Австралија.

Станува збор за комплетен современ систем (акцелератор) за радиотерапија, за лечење малигни заболувања кој ќе биде инсталиран на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Акцелератор донација

Како што се наведува во соопштението од генералниот конзулат на Македонија во Мелбурн, донацијата е обезбедена во соработка на ДКП-ата на РМ во Австралија со Колин Хорнби, советник во Министерство за здравство на Викторија, Катерина Алексовска-заменик советник во Министерство за здравство, Алдо Ролфо генерален менаџер на Радиолошка онкологија за Австралија, Џон Варгесе – Комерцијален директор на Радиолошка онкологија и грижа за срце на Викторија, претставници на Вариан Линак од СР Германија, Џенесис Кеар – австралискиот водечки провајдер за радиолошка онкологија и Министерството за здравство на РМ кое ги обезбеди бараните специфични услови од страна на австралиските институции.

– Подготвеноста на Република Македонија да одговори позитивно на сите барани услови во предвидените рокови, ги даде своите резултати- опремата пристигна во Македонија, завршени се сите постапки кои се однесуваат на превоз, шпедиција и царинење и по завршување на подготвителните активности, се очекува нејјзино инсталирање на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Со оваа донација направен е важен исчекор во заземање повисоко место на Република Македонија, во светските статистики од областа на здравството, стои во соопштението.

Најчитани вести