Онкологија доби најсовремен CT симулатор

Клиниката за Онкологија доби комплетно нов најсовремен CT симулатор. Стариот кој беше користен бил во функција околу 14 години и истиот бил 1 слајсен, додека пак новиот е 16 слајсен и е 8 пати попрецизен.

-Станува збор за  набавка во вредност од 32,7 милиони денари и со ова се стави во функција нов и најсовремен CT симулатор во државата нешто без што е незамислива работата на оваа клиника имајќи во предвид дека секој пациент  пред да започне со зрачна терапија треба да помине на овој симулатор, појасни министерот за здравство Никола Тодорв, кој беше во посета на Клиниката.

todorov10

todorov9

todorov8

Овој симулатор ќе може да опслужува од 10 до 15 пациенти дневно, со што ќе бидат опфатени сите пациенти на кои им е потребен овој преглед.

todorov6

-Стариот симулатор  кој сеуште е во функција планираме да го дислоцираме и монтираме во Битола, каде што ќе биде надополнување на новиот акцелератор кој што исто така е набавен и треба да биде монтиран, додава Тодоров.

todorov5

-Машината има многу подобра резолуција и е многу понова генерација, брзината со која што работи е поголема за дури 16 пати. Сега можеме да ги работиме сите контрастни методи кои што ни требаат бидејќи ни даваат многу попрецизна слика за крвното снабдување на целата таа регија која што сакаме да ја опфатиме. Исто така и сликата е со многу подобри перформанси, вели директорот на онкологија Милан Ристески.

todorov4

todorov3

todorov2

todorov1

todorov

todorov11

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.