понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Онлајн игрите на среќа на Државна видеолотарија од денес достапни на сите мобилни уреди

video-lotarija-1

Последни вести

Од денес онлајн игрите на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија се достапни за играње од сите мобилни уреди, односно андроид или паметни телефони, таблети, лап топи. Под мотото „Играј за забава“, Државна видеолотарија на Република Македонија реализираше пладневно дружење во Арт Картинг Центарот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во рамки на денешното дружење беа доделени три автомобили од игрите на среќа на Државна Лотарија на Македонија, „Твингоманија“, „Среќни тркала“ и „Седма брзина“, а нашиот европски првак во ридско брзински трки Игор Стефановски – Иџе овозможи еден спектакуларен круг на картинг патеката. Покрај тоа присутните имаа можност да се забавуваат со играње пикадо, како и играње интернет игри под мотото „Играј за забава“.

Доделени три автомобили од игрите на среќа на Државна Лотарија на Македонија, „Твингоманија“, „Среќни тркала“ и „Седма брзина“.

Доделени три автомобили од игрите на среќа на Државна Лотарија на Македонија, „Твингоманија“, „Среќни тркала“ и „Седма брзина“.

Државна лотарија на Македонија овозможува да се играат традиционалните игри на среќа, а фирмата ќерка на компанијата, Државна видеолотарија на Република Македонија овозможува да се играат помодерните игри на среќа, односно видеолотариските и интернет игри на среќа, кои што се имплементирани на барање на играчите.

Државната видеолотарија на Република Македонија официјално ја стартуваше платформата за интернет игри на среќа 2win.mk, прва од овој тип во Македонија. Платформата беше активирана во јануари 2015-тата, а во периодот од првите три месеци играчите имаа можност да ги пробаат игрите како дел од тест – периодот, без да се регистрираат. До овој момент, како што информираат од Државната видеолотарија на Република Македонија регистрирани се 2.150 играчи, кои на платформата можат да одберат спортско обложување или казино игри како дел од понудата.

Понудата од игри на среќа на играчката платформа како и на апаратите на Видеолотарија вклучува над 40 игри. Во текот на изминатата година се поставени 800 терминали, а целта е на почетокот на 2016-тата да биде достигната бројката од 1.300 активни апарати.

Дане Кузмановски - директор на Државна видеолотарија на Република Македонија

Дане Кузмановски – директор на Државна видеолотарија на Република Македонија

Покрај тоа, од денес онлајн игрите на среќа на Државна видеолотарија стануваат достапни и преку мобилните уреди во пакет со понудата за обложување во живо.

Денешниот настан всушност е повод плус да го промовираме нашиот најнов продукт, односно тоа е играњето на онлајн игри на среќа преку сите видови паметни телефони, таблети, лап топи и сите оние мобилни уреди кои што ги користи помладата генерација, изјави директорот на Државна видеолотарија на Република Македонија Дане Кузмановски.

Кузмановски нагласи дека двете компании, Државна Лотарија на Република Македонија и Државна Видеолотарија на Република Македонија како општествено одговорни дел од профитот го одвојуваат за помош во разни области од социјалниот живот, културата, спортот и социјално ранливите категории на граѓани.

Во текот на изминатата година го помогнавме тимот на нашата држава на специјалните Олимписки игри во Америка, како и нашите хемичари кои што беа на Европско Првенство. Тоа беа нашите скромни можности за оваа година, се надеваме дека следната година ќе имаме уште повеќе можности и ќе ги помагаме сите оние категории што ги напоменав, рече тој.

Најчитани вести