Економија

Онлајн кредитирање Кредисимо и на македонскиот пазар

Онлајн кредитирање Кредисимо и на македонскиот пазар

Од денес ФД Кредисимо почнува да ги нуди своите иновативни производи во целата држава.

Со повеќе од 9 години искуство и над 2.000.000 корисници Кредисимо е една од најбрзорастечките финансиски компании во Балканскиот регион, нудејќи им на корисниците микро кредити познатиуште како “брзи кредити” или “кредит до плата”.

Во последните години овој тип на кредитирање се претвори во пристапна алтернатива на банките. Повеќето клиенти ги користат предностите на брзите кредити, за да ги балансираат семејните буџети, за мали подобрувања по дома, вклучувајќи закуп на мебел и опрема, за покривање на трошоци за здравство и образование, а исто така и за трошоци поврзани со одмор и релаксација. Во најголем дел клиентите се на возраст од 25 до 60 години.

Кредисимо планира да нуди како краткорочни, така и долгорочни кредитни услуги согласно потребите на клиентите, кои ќе ја имаат можноста сами да ги моделираат и определуваат месечните рати и рокот на договорот според своите сопствени можности.

“Нашите услуги се создадени така што секој да има полна контрола врз парите кои ги зема, секогаш кога се среќава со непредвидени трошоци. Високиот квалитет на работата и опслужувањето на клиентите се одлики со кои Кредисимо се разликува од останатите компании. Ние почитуваме Етички кодекс на трговска политика и даваме јасни и транспарентни правила при кредитирање. Посветени сме на најдобрите практики при работа со клиенти, како при краткорочните, така и при долгорочните брзи кредити” – сподели Директорот на компанијата Сокол Јанков.

Освен финансиска, Кредисимо е и високотехнолошка компанија. Друштвото има разработено сопствена иновативна платформа за целосно управување со процесите при обработување на барање за кредит во реално време, кое дозволува при придржување до одредени услови еден кредит да биде разгледан, одобрен и исплатен на клиентот за помалку од 20 минути.

“Континуираната разработка и воведување на иновативни технологии, заедно со напорите за зголемување на задоволството на нашите клиенти, се основата на нашата компанија, овозможувајќи ни флексибилност и брза адаптација на постојаното менување на финансиската средина, како и потребите на корисниците” додаде  Јанков.

“Се стремиме да понудиме удобно, лесно и транспарентно решение на нашите клиенти кога тие имаат најголема потреба од брза финансиска поддршка” – споделија уште од компанијата.