Oнлајн пријавување на гостите од странство

Се олеснува процедурата за пријавување гости од странство, бидејќи  сега нивната пријава може да се направи онлајн преку веб сајтот на Министерството за внатрешни работи, а од станица треба само да се земе заверена потврда.

„Со оваа апликација се крати на време, па сега не мора своите странски гости да ги носите во полициска станица со сите нивни и ваши документи да ги пријавите или на ден пред да си заминат да ги одјавите. Сега целата таа процедура може да се направи онлајн со пополнување на формулар“ велат од Министерството за внатрешни работи.

Согласно одредбите од Законот за странци, правните и физичките лица кои им даваат услуги на сместување на странците со наплата се должни да го пријават престојот на странецот на Министерството за внатрешни работи во рок од 12 часа од часот на давањето на услугата, ова се однесува најмногу за хотелите и хостелите, но и на сите приватници кои изнајмуваат соби.

Други лица кај кои странците престојуваат се должни да го пријават престојот на странецот во рок од 48 часа од часот на доаѓањето на странецот во полициската станица под чија надлежност е адресата на престој.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.