Крими хроника

Четворица повредени во сообраќајка кај Моноспитово

Четворица повредени во сообраќајка кај Моноспитово
Верижен судир на патот Охрид-Кичево

На новиот пат Банско-с.Моноспитово, синоќа, околу 22 часот, се случи тешка сообраќајна незгода, во која четири лица се здобиле со телесни повреди, од кои двајца млади луѓе се потешко повредени, пишува „Нова Мкедонија“

На сите четири лица им е укажана медицинска помош, веднаш по несреќата, при што две лица се задржани на понатамошно лекување, а другите две, откако им се санирани раните, се пуштени на домашно лекување.
Сообраќајката се случила откако патнички автомобил, марка „москвич алеко“, излетал од патот, пред село Моноспитово, на местото в. „Моноспитовска стала“. Со телесни повреди се здобиле лицата, Е.К.(22), А.Е. (20), К.С. (18) и И.К. (45), кои од Банско со враќале дома, во с. Иловица.Според СВР Струмица, со возилото управувал А.Е. (20), а другите лица биле сопатници, додека потешко се повредени лицата, К.Е.(22) и К.С.(18), кои се и задржани во струмичката болница.