ООУ „11 Октомври“ од утре со редовна настава

ООУ „11 Октомври“ од утре со редовна настава
ООУ „11 Октомври“ од утре со редовна настава

Од утре, учениците во ООУ „11 Октомври“ почнуваат со редовна настава, откако училиштето беше затворено поради сознанија за труење на ученици.

Ве известуваме дека по заедничката средба со заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски констатирано е дека согласно официјалните резултати од надлежните институции  од утре учениците продолжуваат со редовна настава. Според анализите од Центарот за јавно здравје, водата за пиење во ООУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна. Примероците воздух земени од училниците се исправни и не се најдени концентрации поголеми од дозволените на поедини параметри. Деновиве училиштето е  целосно дезинфицирано, причина за остуствата на учениците се високите температури и вирозните заболувања, информираат од училиштето.

Воздухот и водата во ОУ „11 Октомври“ чисти, состојбата ќе се следи

Водата за пиење во ООУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна. Примероците воздух земени од училниците се исправни и не се најдени концентрации над дозволени граници на поедини параметри освен енормно зголемена температура во училниците, каде што биле децата, минимално зголемени концентрации на сулфур водород и јаглерод моноксид кои можат, но не мора во одреден период да го нарушат здравјето на децата.

Ова денеска го истакна Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство, која ги соопшти резултатите од испитувањата на мострите на вода и воздух земени од училиштето од страна на Центарот за јавно здравје-Скопје и кажа дека состојбата ќе се следи и понатаму.

Според неа, можно е во вакви случаи во услови кога децата учат на многу високи температури, без проветрување, без доволно кислород, да се јават главоболки, гадење, па дури и повраќање.

Една од причините може да е тоа, меѓутоа кај децата каде имаме и пролив можно е да е коинциденција со летните вируси што ги има и во други училишта по еден, два до три случаи. Ќе беше поинаку ако сите 40 деца беа со проливи, гадења, повраќања и тогаш навистина ќе стануваше збор за нешто посериозно. Во моментов нешто посериозно за паника нема, посочи Костовска.

Нагласи дека имаат официјално пријави само за четири ученици, од кои три од Клиниката за инфективни болести и една од матичен лекар.

Од сите оние што ги кажувавме 40 ученици дека го напуштиле училиштето, отишле дома поради проблеми, главоболки, гадење и повраќање, официјална пријава за заболени деца со гастроентероколит имаме само за четири од кои за две податоци дека имале главоболки, повраќање и пролив, а останатите само главоболка, мачнина и повраќање, потенцира Костовска.

Направена е епидемиолошка анкета со сите деца и епидемиолошка анализа на вкупната состојба.

Потенцира дека и понатаму состојбата ќе се следи, поинтензивно ќе се проверува водата за пиење во училиштата за секој случај, да не се превиди нешто, знаејќи дека во август имало интервенција на водоводната мрежа, под постојан надзор ќе биде, дополнително уште еднаш ќе го проверат воздухот во овие училници бидејќи се на јужна страна и ќе видат за што се работи.

 Воедно инспекција и Центарот за јавно здравје дополнително ќе предлагаат мерки на училиштето за надминување на оваа состојба, посебно мерки за добри услови на учење, што значи добро проветрување, работење на клима уредите во училниците и повеќе кислород на децата во училниците, рече Костовска.