понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 59

Спречете го опаѓањето на косата со третмани достапни и кај нас!

Постојат голем број на состојби кои се однесуваат на опаѓање на косата. На прво место, сосема природен процес за опаѓање на влакната е породувањето. Кога жената е бремена има високо ниво на прогестерон и влакното кое вообичаено би требало да испадне, застанува во т.н. телогена фаза за сите 9 месеци од бременоста.

Поврзани вести

Губењето на 60-100 влакна на ден се смета за нормално. Се’ што е преку тој број се смета за засилено опаѓање на косата и укажува на проблем кој треба да се реши. Фоликулот на влакното постојано се обновува и има бројни функции, а најважни се протекцијата и сензацијата. Кај луѓето од сите раси косата е една од најбитните социолошки и психолошки карактеристики.

Како расте косата?

Косата расте во своите циклуси: анаген од 2-6 година од животот, телоген од  2-3 месеци по создавањето на влакното, катаген ( аза на опаѓање на влакното). Во анагената фаза т.е. фазата на растењето застапеноста на коренот на влакното треба да биде 80-90% , а во катагениот циклус опаѓањето на влакното треба да биде околу 1%.

Што доведува до ретка коса?

Постојат голем број на состојби кои се однесуваат на опаѓање на косата. На прво место, сосема природен процес за опаѓање на влакната е породувањето. Кога жената е бремена има високо ниво на прогестерон и влакното кое вообичаено би требало да испадне, застанува во т.н. телогена фаза за сите 9 месеци од бременоста. После породувањето доаѓа до нагло паѓање на женските хормони во организмот, а тоа доведува до масовно опаѓање на косата. Кај некои жени може да дојде и до потполно опаѓање на косата на поединечни делови од главата. Овој процес е во потполност повратен.

Околу 20% од популацијата доживува сезонско опаѓање на косата, најчесто во текот на септември и октомври.Кај луѓе кои имаат намалено железо во крвта косата станува истенчена и поретка. Со надокнадување на железото во крвта во потполност се враќа волуменот на косата.16425543_10209570515274753_315846442_n

За жал, денес се популарни ригорозните диети, дури и кај многу млади девојки кои претставуваат стрес за организмот. Најчесто постои значителен дефицит на протеини, а губењето на косата од таа причина е најчесто иреверзибилна (неповратна). Исто така, недостиг на витамини од групата Б и Цинк можат да доведат до слични потешкотии. Кај жени кои имаат полицистични јајници како и зголемен број на андрогени хормони се јавува т.н. андрогена алопеција. Доколку пациентот дојде во нашиот Центар на време и започне со терапија процесот може да се подобри и запре.

Нарушувањето на штитната жлезда, проследено со нарушување на хормоните, предизвикува сува и ретка коса. Голем стрес, без оглед на тоа дали се работи за емотивен стрес или тешко заболување проследено со висока температура, ќе направат да се запре фазата на растење на влакното и таа после 3-4 месеци почнува да паѓа.

Исто така, постои и спектар на лекови вклучувајќи ги цитостатиците, кои доведуваат до опаѓање на косата.

Хемиските средства со кои се третира косата не би требало значително да влијаат на опаѓањето на косата. Цврсто врзување на косата, грубо и долготрајно чешлање можат механички да го оштетат коренот и да доведат до опаѓање.

Кај многу тешки заболувања, како што се карциномите или систематските автоимуни заболувања, опаѓањето на косата може да биде еден од првите симптоми. Со текот на животниот век се намалува бројот на фоликулите кои ги имаме на главата. Кај жени кои се генетски предиспонирани менопаузата доведува до губење на косата.

Што да сторите?

Неопходно е да дојдете во нашиот Центар веднаш штом ќе забележите зголемено опаѓање на косата. Со адекватна терапија процесот може да се запре,а коренот да се зајакне. Понекогаш треба да се лекува основното заболување. За жал, шампоните се слабо ефикасни и не претставуваат официјална медицинска терапија.

hair-plus-image

Anti Aging Center by Promoitalia успешно го третира опаѓањето на косата со витамински мезококтел Hair +, и тоа:

  • Алопеција кај жениPET5954e0_real01
  • Алопеција после породување
  • Стрес алопеција
  • Менопаузална алопеција
  • Алопеција од неправилна исхрана
  • Alopecia areata
  • Андрогена алопеција
  • Алопеција кај мажи

-Генетски предиспонирана алопеција

– Целосна андрогена алопеција

-Фронто-париетална андрогена алопеција

-Соларно индуцирана алопеција

-Стрес алопеција

-Постинфективна алопеција

-Алопеција од неправилна исхрана

-Alopecia areata

cover

Со употреба на овој мезококтел го стимулираме растењето на епителните клетки во булбусите. Ја инхибираме катагената фаза, а ја стимулираме анагената фаза. Антиоксидативно влијае врз слободните радикали.

Бројот на процедурите зависи од состојбата на пациентот. Се препорачува една процедура неделно, во текот на 3 месеци, а потоа една процедура месечно во текот на 4 последователни месеци.

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

Најчитани вести