Опаѓа бројот на невработени во Македонија

Невработеноста во Македонија се намалува и покрај светската криза, европската должничка криза, како и мини кризата во еврозоната минатата година.

Стапката на невработеност изнесува 27, 3 отсто. Продолжува континуираниот тренд на пад на невработеноста, кој е резултат на владините мерки, странските инвестиции, бизнис климата. Моменталната процентуална бројка на невработеноста во земјава е 27,3, за разлика од времето на владеењето на СДСМ, кога истата изнесување дури 38 отсто.

Стапката на невработеност во Македонија во првото тромесечје од 2015. година изнесува 27,3 проценти, што во однос на последното тромесечје од минатата година кога изнесувала 27,6 е намалена за о,3 проценти, додека пак, во однос на првото тромесечје од минатата година кога невработеноста изнесувала 28,4 отсто е намалена за 1,1, проценти. Бројот на невработени лица во првото тримесечје од оваа година изнесува 262.140 лица, што значи намалување на бројката на невработени за 3.230 лица, односно 1,2 отсто во однос на последното тромесечје од 2014. Во однос на првото тромесечје од 2014 година бројот на невработени е намален за 9.975 лица, односно за 3,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на вработеност во првото тромесечје од годинава изнесува 41,6 проценти, а невработеноста изнесува 27,3 отсто, стои во соопштението.

Во однос на последните три месеци од 2014. година бројот на вработени оваа година е зголемен за 10.971 лица, односно за 1,6 отсто.

Споредено со второто тримесечје од 2011 година бројот на вработени на почетокот на 2015. е зголемен за 54.439 лица, односно за 8,5 проценти.