Македонија

Опаѓа бројот на заболени од грип

Опаѓа бројот на заболени од грип

Во текот на минатата недела во земјава се пријавени 297 новозаболени од грип, што е намалувaње од 56,1 отсто во однос на минатата недела и  62,5 отсто во споредба со бројот на заболени овој период минатата сезона

Во оваа сезона вкупниот број на заболени од грип во земјата изнесува 28.525 лица.

Споредбено со истиот период од минатата година, забележано е зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 18 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 59,1 отсто.
Во 14-тата недела од почетокот на сезоната нема регистрирано смртен случај од инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.