АНАЛИЗА: Опасна игра на Путин

Putin

Германскиот национален дневен весник „Die Frankfurter Allgemeine Zeitung“, објавува коментар на колумнистот Рајнхард Фезер, посветен на одлуката на Москва да ја стопира меѓудржавната спогодба со САД за користење на плутониум.

Малку веројатно е дека рускиот претседател Владимир Путин, сериозно размислува за употреба на нуклеарно оружје. Но, тој се стреми да ја засили улогата на Руската Федерација како непредвидлив играч.

Путин е во потрага по директна конфронтација со САД. На никаков друг начин неможе да се разбере неговиот услов за стопирање на „нулеарниот развод“ со Вашингтон, кој почна со спогодбата за користење на плутониум за производство на оружје. При тоа рускиот претседател побара од министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, да објави дека соработката со САД е можна само во случај на укинување на санкциите, наметнати на Москва поради анексијата на Крим и поради војната во Донбас во Украина.

За демонстрација за подготвеност за конфликт, Путин одбра спогодба, која сама по себе и не е многу важна, а со цел да ги смени сериозно односите меѓу Москва и Вашингтон, во и без тоа напрегнатата ситуација.

Но тоа што сепак станува збор за спогодба во однос на нуклеарно оружје, воопшто не е случајност, бидејќи тоа се стари, речиси заборавени стравови од времето на Студената војна.

При тоа нема никакво значење дека документот има малку заедничко со споровите, кои ги засегаат разоружувањето и контролата врз вооружувањето – важен сигнал за тоа е дека една од контроверзиите е во сфера која беше табу за политички игри од крајот на конфронтацијата меѓу двата блока.

Сето ова е продолжение на една старата и многу опасна игра, која од не така неодамна почна да ја води Путин. Рускиот претседател постојано напоменува за тоа дека Русија е нуклеарна сила – исто како што порано тој „несакајќи“ спомена дека за време на окупацијата на Крим, размислувал да ги стави во целосна борбена готовност стратешките нуклеарни сили на руската армија.

По ова, главниот пропагандист на Путин, во ударниот термин на националната телевизија, со горделив глас, раскажа како Русија е единствена земја која може да ги претвори Соединетите американски држави во радиоактивна пепел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.