Опасната дрога „крокодил“ стигна во Хрватска

Во хрватскиот град Осиек е забележана појава на опасната дрога „крокодил“, чија употреба може да доведе до гангрена и ампутирање на делови од телото.

Три жени и двајца мажи од Осиек се приведени под сомнение дека го продавале опасниот наркотик.

Министерство за внатрешни работи соопшти дека тоа е прв случај да биде откриен наркотикот „крокодил“ на територијата на Хрватска.

Дрогата се нарекува „крокодил“ бидејќи по неговата употреба кожата станува зелена и почнува да се лупи, што е прв степен на распаѓање на телото.

„Крокодил“ е наркотик за сиромашните, бидејќи е поевтин од хероинот. Последиците од оваа дрога можат да бидат катастрофални и по првата употреба.