Опасно соседство: Јелена и Новак живеат до снаата на Бин Ладен

Јелена и Новак Ѓоковиќ во Монте Карло живеат во зградата до онаа во која живее Кармен бин Ладен, поранешната сопруга на братот на Осама, Џеслам.

novak_jelenaaaКармен бин Ладен која од Саудиска Арабија побегнала во 1988 година, а од најстариот брат на Осама, Џеслам се развела шест години подоцна, со нејзините ќерќи живее на релација Швајцарија – Монако. Ѓоковиќ и Лепа Брена која има стан во нивната зграда не претпоставувале дека во зградата до нив жена со презимето на најозлогласениот терорист во светот.

– Не сум фасцинирана од светскиот џет-сет. Во Монте Карло одам за да се одморам и навистина не водам сметка за тоа кој е таму. Во кралството е нормално познати луѓе да ти бидат соседи и да ги сретнуваш на секој чекор. Таму се почитува нивната приватност и кога ги гледам не зјапам во нив, изјавила Лепа Брена кога слушнала дека снаата на Осама е нејзина сосетка.

Инаку Кармен по многу години страдање живее луксузен живот. Српски Курир пишува дека иако и самото споменување на нивното име асоцира на застрашувачките екстремистички напади, оваа жена е целосно безопасна затоа што таа на својата кожа го осетила тоа бреме. Кармен веднаш по 11 ти септември ги изгубила пријателите, а семејството на нејзиниот маж и’ ја укинало финансиската поддршка. Џеслам одбива да ги признае нивните три ќерќи. Заради лошиот глас што ги следи тие тешко доаѓаат до вработување. Кармен се издржува со пишување книги за нејзиниот живот, во кои открива тајни од семејниот живот на саудискиот милионер, а затоа што се доста читани, таа добро заработува.

karmen bin ladenПоранешната снаа на Бин Ладен не сакала да се откаже од презимето, а по разговорот со ќерќите се одлучиле да го задржат. Тие се навикнати да се борат да докажат дека се европејки кои сосема случајно така се презиваат.

Кармен Дуфур се омажила за Џеслам бин Ладен кого го запознала во 1973 та година во Женева, кога тој имал 24 години. По венчавката се преселиле во Лос Анџелес заради студиите на Универзитетот Јужна Каролина, а во 1976 та година сопругот ја замолил да се врати во Саудиска Арабија со него за тој да работи во корпорацијата на Бин Ладен. Таа заради љубовта кон сопругот ја прифатила понудата. Го напуштила затоа што тој станувал се помалку либерален, а таа се исплашила за иднината на нејзините ќерќи.