Опасност од одрони на дел од патиштата

Сообраќајот на државните патишта во понеделникот утрото се одвива по наместа влажни коловози¸ а на граничните премининема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.