ОПЦВ: Исламистите се способни да го нападнат Западот со иперит

иперит

Во истрагата, што ОН и ОПЦВ ја завршиле во октомври, било заклучено дека силите на сириската Влада се одговорни за нападите со хлор, а дека Исламска држава го користела иперитот, боев отров чиј мирис потсетува на мирисот на сенф.

Една од опасностите со кои мораме да се соочиме и да имаме подготвен одговор, со оглед на тоа дека Исламска држава научи како се прави иперит, е тоа дека едно од лицата кои тоа го научиле може да се врати во една од нашите земји и да помогне во изведување на сличен напад, изјави Деније на конференцијата.

Британски медиуми наведуваат дека западните претставници се повеќе се загрижени дека Исламска држава, која се бори да ги зачува териториите што ги зазеде во Сирија и Ирак, ќе ги повика следбениците и џихадистите кои се враќаат од овој регион во своите матични земји, да ги засилат нападите на Запад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.