OPEC едногласен за зголемување на производството на нафта за милион барели дневно

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) едногласно договори зголемување на производството за околу милиони барели нафта дневно, објави саудискиот министер за енергетика по полугодишниот состанок на организацијата, без оглед на иранската воздржаност.

„Договоривме зголемување од милиони барели дневно како што беше предложено. Мислам дека тоа ќе ги задоволи потребите од нафта во вториот дел од година“, изјави саудискиот министер за енергетика Калед ал-Фалех.

Обемот од милион барели дневно не е споменат во текстот кој го потпишале членките на OPEC во врска со кој во сабота треба да се сретнат со земјите партнери извозници кои не се членки на организацијата. Организацијата и партнерите кон крајот на 2016 година одреди намалување на производството, што придонесе за подемот на цените, кои беа на историски најниските нивоа пред две години. Договорот од 2016-та истава простор за маневрирање, истакнува Саудиска Арабија која е првиот светски извозник.

„Сите земји не преземаат исти напори за намалување на производството, некои падови на производството се резултат на недоволните вложувања“, признава Сухаил ал-Мазруеи, министер за енергетика на Обединетите Арапски Емирати, чијашто земја во моментов претседава со OPEC.

Произведувачите на нафта кои имаат средства за зголемување на производството би требало да го забрзаат црпењето на нафтата за да ги компензираат можните дефицити на другите земји.

Иран, чиишто капацитети за производство и извоз ги ограничуваат американските санкции, до петокот претпладнето се спротиставуваше на зголемувањето за милиони барели дневно, бидејќи не сакаше загуби на приходите во однос на својот саудиски ривал.

Некои од аналитичарите коишто ја следеа конференцијата на OPEC беа изненадени што немаше податоци за зголемување на производството во финалното соопштение, а цените на нафтата пораснаа во текот на носењето на одлуката за 2,84 отсто, на 75,13 долари за европската севрерноморска нафта Brent и за 3,23 отсто на 67,66 долари за американската WTI.