17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ОПЕК не постигна договор, цената на нафтата во слободен пад

Цените на суровата нафта паднаа за 30 % од јуни, поради намалената побарувачка на светско ниво и зголеменото производство на САД.

По средбата на ОПЕК цените на нафтата се во слободен пад. Министрите од 12-те земји членки не постигнаа договор да ја намалат испораката. По објавата, Брент нафтата падна под 72 долари за барел.

Цените на суровата нафта паднаа за 30 % од јуни, поради намалената побарувачка на светско ниво и зголеменото производство на САД. Ова загрижи неколку членки на нафтниот картел, на кои им се неопходни цени од 80 до 100 долари за барел за да ги балансираат домашните буџети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.