Свет

ОПЕК замислува за ограничување на производството на нафтата

ОПЕК замислува за ограничување на производството на нафтата

На министерскиот состанок на земјите-членки на ОПЕК кој денеска се одржува во Виена се очекува договор за тоа дали ќе има или не ограничување на производството на нафта.

Меѓу членките на ОПЕК има поделени мислења околку ефектите од ниската цена на нафтата, што ќе влијае на донесувањето на крајната одлука.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт не сакаат да прифатат намалување на производството на „црно злато“. Ниската цена, според нив, е адут за да се изборат пред се за американскиот пазар, во кого се повеќе влегуваат домашните производители на нафта од шкрилци.

Од друга страна, Иран и Венецуела силно се залагаат за помало производство. Нивните економии се на удар заради ниската цена и помалите приходи од нафтата од планираните. Ниската цена на нафтата не и одговара ниту на Русија, која исто така се соочува со криза заради ваквиот тренд.

Цените на нафтата на светските берзи последните неколку месеци се намалени за околу 30%. Барел нафта од типот „брент“ сега се продава за помалку од 80 долари.