вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 67

Операторите на погребни услуги се сретнаа со претставници на Град Скопје

grad skopje

Поврзани вести

По повод поголемиот број на објавени информации околу проблемите во соработката помеѓу неколку Оператори на погребни услуги и Градската општа болница „8-ми Септември“, Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека нема законска надлежност и ингеренции за оваа проблематика.

Оттаму велат дека и покрај немањето на законска надлежност, на барање на поголем број на Оператори на погребни услуги, во декември се одржа средба на нивните претставници со претставници на Секторот за комунални работи на Град Скопје.

На истиот состанок беа укажани надлежностите на Градот Скопје и договорено следното:

  1. Почитувајки го Законот за гробишта и погребални услуги, Градот Скопје до сите здравствени установи, Болници и Домови за стари лица на јавно и видно место има истакнато соопштенија со точни имиња на Оператори на погребни услуги и нивни адреси и тел. броеви, за да граѓаните по сопствен избор си изберат оператор кој ќе ја изврши услугата.
  2. До сите здравствени установи, болници и Домови за стари лица има испратено писма да имаат обврска да го почитуваат Законот за гробишта, односно при починување на лице во нивната установа единствено право на избор кој оператор ќе ја изврши услугата и ќе го превземе починатиот имаат членовите на семејството на починатиот и здравствените установи се должни да го почитуваат тоа.

На состанокот било утврдено дека Град Скопје ги исполнува своите законски обврски и дека околу останатите забелешки на Операторите Градот Скопје нема законска надлежност, и за тие треба да се обрати во соодветните надлежни институции.

Најчитани вести