четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 49

Оперската певица Елина Гаранча ќе го отвори Охридско лето

Oперската певица, мецо сопранот Елина Гаранча од Латвија ќе го отвори годинешното 56-то издание на фестивалот Охридско лето.

ohridsko-leto

Поврзани вести

Oперската певица, мецо сопранот Елина Гаранча од Латвија ќе го отвори годинешното 56-то издание на фестивалот Охридско лето.

На денешната прес конференција посветена токму на отворањето на овој престижен културен настан во земјава присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа Милевска,  директорот на Охридско лето Оливер Арсовски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и селекторите на уметничката програма Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорѓи Јолевски.

Освен ексклузивниот гостин за свеченото отварање на фестивалот, најавена е богата музичка програма и врвни уметници кои ќе остават белег на овогодинешното фестивалско издание.

Оперската певица Елина Гаранча ќе го отвори Охридско лето

Оперската певица Елина Гаранча ќе го отвори Охридско лето

Покрај тоа што ќе има прилика да ја слушне изведбата на Елина Гаранча, публиката ќе има можност да ги проследи и настапите на виолинистот Максим Венгеров со Камерен оркестар, како и концерт на виолинистот Вадим Репи, кој ќе го затвори музичкиот дел од фестивалот.

Исто така во рамки на фестивалот ќе настапи и охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски со своето трио, а концерт ќе има и џез музичарот Артуро Сандовал кој има освоено 10 Греми и една Еми награда.

Во рамки на овогодинешната програма ќе биде организирана Летна академија во Охрид, која секоја година се одржува во некој светски центар  Дел од академијата ќе бидат и млади македонски музичари.

Според најавите, театарскиот дел од фестивалот, оваа година ќе биде посветен на 400 годишнината од смртта на Вилијам Шекспир. Најавено е гостување на театри и режисери од Македонија, Туција, Романија, Словенија и Русија.

Во своето обраќање на прес конференцијата, министерката Канческа Милевска објави дека Амбасадата на Шпанија го номинирала фестивалот Охридско лето за престижната награда „Princess of Asturias Awards“.

Најчитани вести