Опожарена барака со пластични шишиња

барака

МВР соопшти дека во 03.11 часот во ЕИК – Скопје од страна на вработен во  Бригадата за противпожарна заштита,  пријавено било дека во Скопје на ул. „Горно Лисиче“-расадник „Цветан Димов“, настанал пожар во стара барака од околу 100 метри квадратни, која се користела како отпад за пластични шишиња. Пожарот најверојатно настанал од ќумбе за кое сопственикот тврдел дека не било запалено. Пожарот е локализиран од екипа на БППЗ Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.