Опожарена куќа во Битола од плинска боца

боца

Од Територијалната против пожарна единица-ТППЕ информираат дека пожарот се случил доцна синоќа и притоа интервенирале со 4 противпожарни возила.

-Улицата „Пореч“ е на тешко пристапен терен во високата зона на населбата „Баир“ и дејствувањето беше проблематично но сепак нашите екипи успеаја да го изгаснат огнот и да спречат поголема несреќа, посочуваат од ТППЕ-Битола.

Од пожарот предизвикана е материјална штета која дополнително ќе се проценува, а два од пет членови на семејството заради изгореници пренесени се во битолскиот Клинички центар.

Од ТППЕ-Битола апелираат граѓаните кои не знаат да користат плински уреди и други средства што предизвикуваат пожар да не ги употребуваат и постојано да ја контролираат исправноста на оџаците.

-Најголем дел од интервенциите од почетокот на годината ги извршивме на повик поради пожар предизвикан од неисправен оџак. Во 28 интервенции дури 18 се поврзани со запален оџак и затоа граѓаните треба да се уверени дека само чист оџак е безопасен оџак, велат од ТППЕ-Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.