Опожарени десетина патнички возила во Куманово

Опожарени десетина патнички возила во Куманово, ФОТО: Куманово Њуз
Опожарени десетина патнички возила во Куманово, ФОТО: Куманово Њуз

Опожарени се десетина патнички моторни возила, на неколку улици во Куманово во периодот од 23.30 часот до 00.45 часот. Засега не се познати причините за масовното опожарување на возилата.

Како што соопштува порталот Куманово Њуз, возилата биле опожарени на три локации кај локалитет Палас, спроти поштата и кај болницата.

Неофицијално делото го извршил еден сторител и тој е приведен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата.

Инаку, од страна на противпожарната единица во Куманово навремено е реагирано и е изгаснат пожарот во возилата.