Опожарено возило Хонда во Скопје

Возило „ Хонда “ со скопски регистерски ознаки е опожарено синоќа во два часот на улица „1010“ во Скопје.

Според МВР, возилото марка Хонда, сопственост на триесет и двегодишниот скопјанец М.С., е опожарено од засега непознат сторител најверојатно со запалива течност.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Увид на местото на настанот изврши СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.