Опожарено возило во Битола

Архивска илустрација

Вчера околу 01,45 часот Битола, на ул.„Бонде Скерлевски“ од засега непознати причини настанал пожар на паркиран автомобил „Ауди А-4  Караван“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Г.Д. (33) од Битола.

Возилото, како што информираат од МВР, било целосно опожарено, а од пожарот било зафатено и друго возило „Опел Астра“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Х.Б. од Битола.

Од страна на ТППЕ-Битола пожарот бил изгаснат.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.