Опожарен „Голф“ во Кавадарци

Архивска илустрација

Педесет и седумгодишниот М.Ј. од Кавадарци во полициска станица пријавил дека од страна на непознат сторител на улица “Страшо Пинџур” било опожарено патничко моторно возило „Голф“.

Возилото било со бугарска национална ознака сопственост на Б.Ј.(32).

Голфот бил опожарен на тој начин што на задните стоп светла и во делот на хаубата била истурена непозната запалива течност, која ја запалил, при што настанал пожар, од кој биле изгорени инсталацијата, дел од пластиката кај моторот и други делови.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.