Опожарена трафостаница во Гостивар

Бетонска трафостаница ТЦ 57 беше опожарена денеска околу 10:00 часот наутро на улица „ЈНА“ во Гостивар.

Пред трафостаницата се наоѓал стар кревет, кој бил запален, а од таму пожарот зафатил и дел од  конструкцијата на трафостаницата. По кратко време пожарот бил локализиран и констатирана била штета на горниот дел на сите енергетски елементи во трафостаницата, трансформаторот, нисконапонскиот и среднонапонскиот блок.

Заради зголемена безбедност, за време на поправките исклучени биле околу 300 потрошувачи, кои се напојуваат од оваа трафостаница.

Стручните екипи на ЕВН Македонија заедно со локалната полиција во Гостивар во моментот се на терен, преземени се сите активности за испитување на причините за пожарот и воспоставено е нормално снабдување со електрична енергија за кориснице од опожарната напојна точка.