Опожарени две возила во Битола

Две моторни возила ноќеска, неколку часа по полноќ, биле опожарени на улицата Михајло Андоновски во Битола, објави МИА.

Дојавата за пожарот пристигнала околу 2 часот, и веднаш на паркингот на улицата била испратена екипа за брза интервенција.

– Во пожарот целосно е уништено возило марка „мазда“, додека со префрлање на огнот опожарено е уште едно возило марка „опел астра“. Благодарение на брзата интервенција на нашите пожарникари спречивме ширење на огнот кој можеше да предизвика покатастрофални последици бидејќи на паркингот има бројни возила, со различно гориво, бензин, нафта или плин – изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.

За два дена, ова е втор случај на опожарување на две моторни возила во Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.