Крими хроника

Опожарени три автомобили во Штип

Опожарени три автомобили во Штип

Три автомобили изгореле синоќа во пожар што избувнал во двор во семејна куќа во Штип, јави Алфа ТВ.

Станува збор за возила Мерцедес, Голф 4 и Голф 5 кои вчера целосно изгореа во штипската населба Македонка. Од засега непознати причини околу 2 часот по полноќ избувнал пожар во дворот каде што биле паркирани возилата. Пламените јазици брзо се прошириле и ги јагленосале трите возила.

Сопствениците на куќата спиеле, а се разбудиле од врисоците на соседите. Повредени нема, предизвикана е материјална штета.

Полицијата го истражува случајот.