Опожарените „Велчево меанче“ и „Кул“ имаат ист газда

„Велчево меанче“ и кафулето „Кул“, кои изгореа во првите два дена од годината се на ист сопственик.

Вчера на сопственикот му се запали кафеаната „Велчево меанче“, ноќеска во пожар му изгоре и кафулето „Кул“ во скопскиот трговски центар „Бисер“.

Сопственикот на „Велчево меанче“ кое исто така се запали пред два дена бил ортак со уште едно лице во кафулето „Кул“.

Вложиле доста средства за да направат пријатно место за уживање и пиење кафе. Како избил пожарот ноќеска сѐ уште не се знае.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.