Опожарено „пежо 107“ во Скопје

Во Скопје синоќа е опожарено возило марка „пежо 107“, сопственост на Ѓ.В.(55). Настанот се случил во 3.30 часот по полноќ на улицата Бранко Заревски.

Според информации од МВР, материјалната штета изнесува 240.000 денари.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините коишто довеле до опожарување на возилото.