Крими хроника

Опожарено возило во Синѓелиќ

Опожарено возило во Синѓелиќ

Во скопската населба Сингелиќ, 57-годишен скопјанец пријавил дека на 28 февруари околу 3 часот по полноќ, непознат сторител со запалливо средство го полеал неговото возило „фолксваген лупо“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа.

Возилото било опожарено, а МВР соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот.