Опозицијата да покаже поголемо ниво на одговорност

Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт тоа беше освежување на Балканот каде долго време владееја комунистички и посткомунистички лидери, посочи во Миленко Неделковски Шоу, Миша Ѓурковиќ.

-Се сеќавам дека многу позитивно се зборуваше за тоа дека дошла некоја нова генерација на власт и тогаш се сеќавам дека се зборуваше дека има многу енергија, но не и многу техника, но покажуваат нова желба да се промени елитата, да дојде некој нов систем, некој нов начин на реагирање и подинамичен начин на работа. Во меѓувреме оние се на власт веќе 8-9 години и тоа се луѓе коишто станаа способни во техниките. За ралика од тоа, во самиот СДСМ со самото губење на власта замина старата генерација и како секоја политичка партија тие имаат проблем да најдат нова елита во не толку добри услови за работа, посочи Ѓурковиќ.

Тој апелираше до опозицијата да покажат поголема одговорност за случувањата во Македонија.

-Без оглед на моменталната ситуација во која има конфликт меѓу две водечки политички партии, јас се обидувам да ги разберам луѓето од опозицијата кои се незадоволни од разни нешта и апелирам да покажат многу поголемо ниво на одговорсност и да ја спречат инструментализацијата, истакна Миша Ѓурковиќ.