Опозицијата да престане со дивеење и ширење закани и омраза

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува секоја и секаква политичка злоупотреба на судската одлука во врска со случајот „Ликвидација“, а посебно во однос на пресудата на судот за новинарот Томислав Кежаровски.

„Апелираме до повисоките надлежни судски инстанци, врз основа на законската регулатива,  да ја проверат процедурата во случајот со новинарот Кежаровски и секоја своја одлука пред јавноста да ја објаснат на што ја темелат, со цел да се спречи шпекулирање и манипулација со јавноста од страна на одредени општествени субјекти, а посебно од страна на политички партии. Опозицијата мора да престане со дивеење и ширење закани и омраза, поттикнати од лични цели, а најмногу  заради фактот дека никој не ја гледа како алтернатива, најмногу поради нивната деструктивност, хаотичност и фрустрациите кои се основа на нивното делување.  ВМРО – ДПМНЕ не сака и нема да се вовлекува во постапки и одлуки кои нема никаква врска со политичките партии.  ВМРО – ДПМНЕ, како и во сите досегашни случаи, остава судските инстанци  да делуваат строго според закон и процедури, без да дозволат било каков притисок“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.