Опозицијата дивее со закани и агресија соочена со сè помалата поддршка од граѓаните

Политичарите од врвот на СДСМ се соочени со крахот на нивното сценарио и свесни се дека наместо да добиваат поддршка од народот, тие ја губат и онака малата доверба која ја имаат.

Затоа тие и новинарите од медиумите финансирани од СОРОС почнуваат во голем обем да ја покажуваат нервозата и силната фрустрација и не бираат средства и речник во нивните настапи, пишува Курир.

Во безизлезната ситуација во која се втураа себеси под менторство на Зоран Заев, гласноговорниците од Бихаќка почнаа да напаѓаат се и секого. Од непознати причини, нивна “жртва“ вчера стана и една од најдобрите македонски пејачки, Каролина Гочева.

Саше Политико, познат по жолчното бранење на опозицијата на еден тотален безобразен и недоличен начин, вчера упадна на прес-конференција закажана од пејачката и нејзината „Авалон продукција“.

Овој новинар почна дрско да и поставува политички прашања, вршејќи и притисок да даде свој коментар на актуелната политичка состојба во земјава. Каролина, како и досега, одговори на културен начин дека не сака да дава такви коментари иако си има креирано свое мислење. Залудни и беа обидите да објасни дека таа држи настан поврзан за нејзината кариера која нема никаква врска со политика.

Саше Ивановски-Политико освен што ја нападна пејачката, вршеше притисок на сите присутни, а на новинарите им попречи во својата работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.