Опозицијата го менува постојано мислењето, кога сака им верува на институциите, кога сака не

Кој е кредибилитетот на оној што ги поседува, односно на изворот на овие информации? Тој исти извор вели дека не верува во обвинителството, а гледаме веќе два пати како оди во обвинителството и поднесува кривични пријави.

Ова го истакна претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, во гостувањето во „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести.

-Која е таа консеквентност, кога сакате можете да верувате на институцијата обвинителство, а кога не сакате не верувате, рече претседателот на партијата ГРОМ.

Според Јакимовски, опозицијата не може кога сака да верува на институциите, кога сака да не верува.

-Не може тој извор да каже дека не се гледа со Груевски, а испаѓа се гледа со Груевски, дека не го познава Верушевски па испаѓа го познавал, па дури купувал и компјутери, а требал да купи и џипови, додаде Јакимовски.