Опозицијата излезе на протест и директно удри по грбот на полицијата

СДСМ и денеска, во ситуација кога полициските сили се ангажирани во Куманово во сузбивање на криминално терористичка група организираше протести против македонската полиција, објави „Република“.

Каролина Астеруд, Љубомир Фрчкоски, Гунер Исмаил се само дел од оние кои и денеска, кога се одвива голема полициска акција во Куманово за апсење на терористичка група, излегоа на протести во Скопје.

ffrckoo

По службена должност беа ангажирани полицајци кои го обезбедуваа самиот протест, со што се влијае во намалување на капацитетите на македонската полиција која наместо целосно да се фокусира кон случувањата во Куманово сега мора и да се обезбедува протестот на СДСМ, кој самиот е наменет против полицијата.

trojcaprotestt

СДСМ со ова директно удира по грбот на македонската полиција и ја загрозува безбедноста на државата и граѓаните. Ваквата бесчуствителност е само продолжение на насилните протести кои оваа партија ги организираше во вторникот каде полицајците беа удирани од протестантите со бекатон плочи, стапови, палки, запалени бакли, молотови коктели, пишува „Република“.