Свет

Опозицијата ќе ги бојкотира изборите во Тајланд

Опозицијата ќе ги бојкотира изборите во Тајланд

Лидерот на Тајландската опозициска Демократска Партија одлучи партијата да ги бојкотира престојните избори на 2 февруари, потег кој може дополнително да ги разгори анти-владините протести.

Премиерката Јинглук Шинаватра го распушти парламентот на 9 декември и закажа вонредни избори со цел да ги намали тензиите, но опозицијата останува цврсто на ставот дека премиерката треба да поднесе оставка, па затоа во недела ќе биде одржан масовен протест во Банког.

И покрај протестите во оваа азиска земја, се очекува дека изборите сепак ќе бидат одржани на предвидениот датум.