Опозицијата користи веќе познати методи за дестабилизација на земјава

Се остваруваат прогнозите на дел од експертската јавност дека најголемата опозициска партија СДСМ сака да направи криза и дестабилизација на државата во обидот без поддршка од народот да дојде на власт. Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска одржа прес-конференција за „хашките случаи“, како обид за реализација на својата намера за втурнување на Македонија во дестабилизација и да предизвика меѓуетнички и меѓуверски тензии, сценарио кое експертите веќе извесен период го говорат, пишува порталот „Курир“.

Опозицијата ги повторува методите на дејствување од 2001 година, внесувајќи немир и тензија за работа за која имаше повеќенеделна јавна дискусија и партиски обвинувања во Собранието. Законот за амнестија е донесен во 2002 година со консензус. Законот беше поддржан и од СДСМ.

-За Законот, и покрај жестоките критики што беа упатени за некои спорни одредби, гласаа 64 пратеници, а 12 беа против. Освен пратениците Албанци, Законот го поддржаа и мнозинството од пратениците од двете најголеми пратенички групи во македонскиот блок, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ, пишуваше весникот Вест на 9-ти март 2002 година, ден по изгласувањето на законот.

Инаку, СДСМ е позната како партијата која додели своевремено 150 илјади државјанства на Албанци за да ја имаат нивната поддршка на претседателските избори во 1994 година. Исто така, СДСМ во 2004 го донесе и спроведе спорниот Законот за територијална поделба.

Во 2004 година, мнозинството на СДСМ и ДУИ го донесе новиот Закон за територијална поделба. Со тоа, се реорганизирааа општините во Македонија и се овозможи, Струга, Кичево, Чаир и уште неколку општини низ Макеоднија да станат доминантно албански. Големо беше незадоволството на тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тие дури и организираа референдум, но СДСМ во соработка со многу надворешни фактори успеа да го оневзможи, под слоганот „Некои прашања не заслужуваат одговор“.

otkako-go-odbija-gragjanite-zaev-pottiknuva-verski-dzhihad-na-ulica-249322 thumb medium500 345

Експертите и премиерот Груевски предупредуваа за вакво сценарио на Заев

Нема да дозволиме да не стават на линија на фронт. Нашиот народ знае што има преживеано и не ни е првпат да бидеме нападнати. Со сите средства ќе си ги браниме нашите домови и семејства.

Ова го истакна новинарката Мирка Велиновска на неодамнешната трибина на ГДОМ. Таа потенцира дека тие што измислија дестабилизација и се платени за соработка со странски служби подготвуваат терен за граѓанска војна.

-Под чест ми е да зборам за такви луѓе на кои државата ништо не им значи. Тие профитираат од ова и се марионети кои му прават белја на сопствениот народ. Овие луѓе сакаат да не вратат во 2001 година. Така почна и тогаш со афера за прислушување, наречена „Големото уво“. СДСМ сака да го премости македонскиот народ за да се “ушуња“ на власт и тогаш во таа 2001-ва година беше така и тогаш Верушевски работеше, но ние влеговме во таа стапица, кога ни ја наместија територијалната организација, истакна Велиновска.

mirka-rasadnik thumb medium500 375

Весникот ВЕЧЕР во денешното издание пишува дека дека освен со БЕСА, членови на СДСМ и блиски со Зоран Заев ги зачестиле контактите со радикалните екстремисти од косовско Самоопределување, со кои заеднички планира создавање нереди во мај.

Премиерот Никола Груевски неколку пати досега во изминатиов период предупредува на тоа дека опозицијата ќе се обиде да направи меѓуетнички тензии и конфликт.

Слушам во последно време сѐ почесто се зборува дека откако од опозицијата видоа дека ова што го прават не им проаѓа кај граѓаните, ќе пробаат да инсценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии. Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии – посочи премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, пишува „Курир“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.