Опозицијата против опозицијата

Тензијата во редовите на опозицијата расте сè повеќе предизвикана од очигледниот неуспех од посакуваната, за нив, дестабилизација на Македонија. Разногласието, паниката и спротивставените ставови стануваат секојдневие кај опозицијата. Најверојатни свесни дека постојат несоборливи докази на криминалното однесување на агентурната мрежа предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговиот близок соработник Зоран Верушевски, опозицијата претходно тивко, а сега се погласно директно или преку нејзините посредници ја актуелизираше темата за амнестирање на учесниците во мрачното сценарио кое го спроведува Заев.

Актуелизацијата започна најпрво преку главиот ПР стратег на опозицијата Бранко Геровски кој во својата колумна во поблага форма, побара амнестија за Заев и Верушевски во нелегалното прислушување и незаконското објавување на креираните материјали. Во својата колумна Геровски пишува дека добро е да постои во кој меѓудругто ќе има и затворање на отворените кривични случаи со општа амнестија и прекин на кампањата на објавување на аудио-снимките од илегалните прислушувања на илјадници граѓани.

geroski

Оваа теза ја продолжува и Зоран Димитровски во колумната „Десет мерки предлози за решавање на кризата“ во Фокус.

predlog-500

Со дополнително развивање на оваа теза се зафати и опозиционерот Љубчо Георгиевски кој отворено на дебата во една телевизија побра амнестија за Заев и Верушевски.

-Јас барам амнестија за Заев и Верушевски. За некои луѓе кои ми направиле штета, јас ви кажувам дека со тој договор меѓу двете политички партии, треба да бидат опфатени со законот за амнестија. Топло му препорачувам на Заев, бидејќи очигледно и тие таму во СДСМ си живеат во некој свет, подобро да го договори законот за амнестија додека може тој да го договори, отколку некој во негово име, а во негово отсуство да го договара законот за амнестија, вели Георгиевски.

Ваквиот пристап на опозициските медиумски перјаници и опозициски политичари наиде на револт кај главниот финанисер на опозицијата, лустрираниот Владимир Милчин кој се спротивстави на идејата на Героски и Георгиевски.

-Нема да биде простено ако СДСМ прифати амнестија. Нема да биде простено ако СДСМ во името на привидната стабилност потклекне под притисокот на странците и прифати уште еден компромис чие вистинско име е капитулација, пишува Милчин.

milcin4000

Изненадени и збунети од опозициската внатрешна битка, раководтсвото на СДСМ, во обид да ја избалансира ситуацијата и конфликтот во најава, Заев го пушта портаролот Петре Шилегов на социјалната мрежа Фејсбук да каже дека наводно СДСМ не се согласува и не посакува амнестија, која пак е тајно посакувана и една од главните желби на СДСМ.

silegov-status

Ваквото разногласие во опозицијата отворена дилеми. Игра ли Заев повторно двојна игра? Дали преку Геровски ја шири идејата за сопствен спас, но во исто време ги задржува ли и односите со радикалното крило предводено од Милчин со тезата пренесена преку него и Шилегов дека наводно не сака амнестија.

Сепак спротивставените ставови покажуваат дека во СДСМ има криза на лидерството и дека позицијата на Заев е нарушена. Се поставува дилемата кој „ги влече конците“ на Бихаќка, дали тоа е официјалното раководство или пак соросовата машинерија предводена од Владе Милчин и Љубомир Фрчковски која се финансира од сомнителните извори.

И додека паниката и разногласието владее во опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се децидни- амнестија нема да има, владејачката партија е за правна разрешница, порача пратеникот Александар Николовски.

fbnikoloski

-Нашиот став, јавно кажан, е дека треба да има правна и политичка резрешница. Со тоа ние децидно кажуваме дека нема шанси за амнестија. За разлика од нашиот став, ставот на СДСМ е дека може да има само политичка разрешница, што од старт ги покажува нивните намери. Јавно нека објават став за правна разрешница, со одлука на телата на партијата, и така ќе сме сигурни дека сакаат правда за сите што се огрешиле пред законот. Вакви статуси на фејсбук само покажуваат едно ниво на морална шизифренија и какафонија кои доминираат во СДСМ, посебно откако се повеќе свесни за криминалот во кој повеќе членови на нивното раководство се упаднати, па сега со вакво силење внатрепартиски сакаат да демонстрираат одлучност, напиша на својот ФБ профил Николовски.

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско сопштение уште еднаш го повтори децидниот став, правна и политичка разрешница.

-Смешната внатрепатриска дискусија во СДСМ за наводна амнестија која несреќно ја пласираа мислејќи на нивниот лидер за потоа некој неупатени да ја рашират дека се мисли на сите е само доказ за стравот и хаотичноста кои што владеат во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  За да им ги скратиме маките во дискуцијата и да ги смириме духовите во СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го повторува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кои СДСМ и деструктивните соросоиди побрзо би сакале да го заборават. За целиот овој случај ќе има правна и политичка завршница! Очигледно зборовите правна завршница во СДСМ не сакаат да ги видат. Ние оваа вештачки креирана тема ја гледаме низ призма на внатрепартиски проблеми и местенки во СДСМ, сопштија од владејачката партија.

Извор: Курир.мк